Кипкорир и Перуновиќ победија на маратонот во Охрид

0

Денеска во Охрид беше реализиран 31-от Меѓународен меморијален атлетски маратон на кој настапија атлетичари од повеќе земји.

Во машка конкуренција победи Кипкорир Бивот од Кенија кој патеката ја претрча за 1:41:19 пред Тамаш Наѓ од Унгарија и Илир Прудани од Косово. Најдобар наш претставник беше Кокан Ајановски.


Во конкуренција на дамите, прва низ целта мина Слаѓана Перуновиќ од Црна Гора пред Ана Суботиќ од Србија и нашата Адријана Поп Арсова.

Share.

Leave A Reply