Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е најдобар голгетер во Лигата на Шампионите. Тој досега успеал да постигне 1332 гола.
Кире кој повеќе од 20 години игра во врвниот ракомет досега ги бранеше боите на Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант. Веднаш зад Лазаров на листата на голгетерите во ЛШ е Никола Карабатиќ кој има 1074 погодоци додека третото место го има Момир Илиќ (Веспрем) со 969 погодоци.
На листата е ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, кој досега успеал да погоди во мрежата на противникот 884 пати.