Кире е во списокот, но дали ќе игра?

0

Македонскиот селектор Раул Гонзалес се реши да го остави Кире Лазаров во составот за вечерашниот меч со Чешка и покрај тоа што капитенот е неизвесно дали ќе може да се појави на паркетот вечерва.

Од лекарскиот тим на нашата селекција засега се уште немаат јасна слика, дали и колку Лазаров би можел да одигра вечерва. Капитенот ноќта ја мина во Загреб, а во текот на денот ќе пристиге во Вараждин, по што ќе биде донесена и конечната одлука околу неговиот настап.

Share.

Leave A Reply