Клубот КЛ7 во сопственост на нашата ракометна ѕвезда, Кире Лазаров, се пријави за настап во второлигашката конкуренција за наредната сезона.
Тоа значи дека младите ракометари кои неколку сезони работеа во пониските категории, сега ќе добијат шанса да се натпреваруваат во сениорската конкуренција кој е веднаш под Супер лигата. Медиумите објавија дека клубот ќе дејствува во Скопје и дека мечевите најверојатно ќе ги игра во салата „Расадник“.
Тренерската улога ќе му биде доделена на искусниот, Андон Бошковски , кој седеше на кормилото на неколку наши реномирани екипи а дел од кариерата помина и надвор од нашите граници.