Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, вели дека младите треба да истапат и да понесат поголема одговорност во циклусот квалификации за пласман на континенталниот собир. Во наредниот период прво ќе играме дома со Турција а потоа ќе гостуваме кај Грција.
„Фаворити сме за пласман на Европското првенство, но, мора во натпреварите да влеземе со голема почит за противниците ако сакаме да ги освоиме сите четири бодови. Младите играчи треба да преземат поголема одговорност за да можат да имаат и поголема улога на Светското првенство во Германија“ -нагласи Кире Лазаров.
Средбата против Турција ќе ја одиграме в четврток во салата во Битола додека мечот со Грција е закажан за в недела на теренот на нашиот јужен сосед.