Кире: Заслужуваме критики

0

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, по поразот од Австрија во последното коло во групата „Б“ што воедно значеше и елиминација од ЕП, вели дека сите во селекцијата заслужуваат критики.

„Одигравме под нашето ниво. Направивме многу грешки и промашивме многу изградени шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полу-фластер на мене. Разочарани сме, заслужуваме критика“ – изјави  Кире Лазаров.

Нашата главна ѕвезда откако им се заблагодари на фановите што беа присутни во Виена, порача дека треба да се направи добра анализа и дека младите ќе треба да се наметнат за наредните мечеви. Лазаров го заврши ЕП со 22 гола.

Share.

Leave A Reply