Кириос го елиминираше Ноле, Федерер подобар од Надал

0

Австралиецот Ник Кириос за само неколку недели успеа и по вторпат да го совлада Србинот Новак Ѓоковиќ. Србинот синоќа беше елиминиран во осминафиналната рунда на тенискиот мастерс во Индијан Велс, откако загуби од Кириос со 6:4, 7:6 (3).

Следниот противник за Ник е Роџер Федерер, кој во класиката на Индијан Велс го совлада Рафаел Надал. Федерер се пласираше во 1/4-финалето откако му одржа тениска лекција на Рафаел Надал и го победи со 6:2, 6:3. Ова е втора победа за „Федекс“ над шпанскиот матадор, откако Швајцарецот успеа да го совлада Рафа и во финалето на Отвореното првенство на Австралија на почетокот на годината.

Share.

Leave A Reply