Кирјос го елиминираше Ѓоковиќ во Акапулко

0

Вториот светски рекет, Новак Ѓоковиќ доживеа пораз во 1/4-финалето на тенискиот турнир во Акапулко. Србинот загуби од австралискиот тенисер Ник Кириос, па иако беше рангиран како прв носител не успеа да влезе во финалната четворка.

Ник Кириос беше подобар во првиот меѓусебен дуел со Новак Ѓоковиќ победувајќи со 2-0 во сетови. Во првиот сет кој заврши со 7-6 (11-9) за Кириос, Ѓоковиќ пропушти и сет топка. Вториот му припадна на Австралијанецот со 7-5.

За разлика од Ѓоковиќ, вториот фаворит во Акапулко, Рафа Надал победи со 2-0 против Јапонецот Нишиока. Во полуфиналето Надал ќе игра против Марин Чилиќ.

Share.

Leave A Reply