Кирјос се откажа и од Индиан Велс

0

Драмата со повредите на австралискиот тенисер Ник Кирјос продолжува и тој објави дека се откажува од учество во Индиан Велс. Истиот проблем кој го мачеше во претходните два месеци е причина тој да не се појави и на еден од најсилните Мастерси во сезоната.

Повредата на лактот се појави за време на Отвореното првенство на Австралија, а исто така и на натпреварот со Германија за “Дејвис купот” во февруари.

На негово место ќе се појави Матео Беретини, кој во вториот круг за противник ќе го има Даниел Медведев од Русија.

Share.

Leave A Reply