Ќе биде „жестоко“ на трибините во Загреб

0

Ракометарите на Словенија ќе имаат голема поддршка на Европското првенство што се реализира во Хрватска.

Според најавите, популарните „змајчеки“  на утрешниот меч против Македонија ќе ги бодрат околку 10.000 навивачи кои по различни патишта ќе пристигнат во арената во Загреб. Медиумите најавуваат дека ќе бидат користени специјални возови и автобуси иако поголемиот дел од фановите најверојатно ќе користат автомобили.

Што се однесува до нашата репрезентација, проценките велат дека „фалангата“ ќе брои околу 2000 фанови, иако посакуваме таа бројка да биде поголема.

Share.

Leave A Reply