Ќе има ли смена на клупата на Вардар ?

0

Актуелниот шампион на Македонија – Вардар е пред предавањето на шампионската титула на својот голем ривал Шкендија.

Вардар одамна ги загуби шансите за одбрана на титулата, а по вчерашниот резултат 1:1 против Шкупи кога Вардар со голот на Новак во судиското продолжение се спаси од пораз денес веќе се шпекулира дека може да дојде до смена на тренерот Чедомир Јаневски.

Сепак управата на клубот ќе треба да седне на заедничка маса и да разговара со тренерот Јаневски по што ќе биде донесена одлука што понатаму. Вардар е на -20 бодови од Шкендија, а веќе в среда го очекува меч токму против овој противник во рамките на 28.коло од ПМФЛ.

Чеде Јаневски дојде на клупата на Вардар пред двомечот со Фенербахче кој го однесе Вардар во историски пласман во Лига Европа, а сега на потег е управата дали ќе ја заврши соработката со Јаневски или ќе го остави да го води тимот до крајот на сезоната.

Share.

Leave A Reply