Ќе има ново одложување на Ролан Гарос?

0

Жил Моретон, претседател на тениската федерација на Франција, најави дека Грен Слем турнирот на терените на Ролан Гарос може да биде одложен втора година по ред поради пандемијата со Ковид-19.

„Ако мора да останеме во карантин најмалку два месеца, сосема е реално да се откаже турнирот. Единствено што не можам да замислам е дека ќе имаме полни трибини. Може да се случи да има одреден број навивачи “ потенцира првиот човек на франскускиот тенис.

Минатата година турнирот беше префрлен во терминиот од 27 септември – 11 октомври а титулата ја освои Рафаел Надал.

 

Share.

Leave A Reply