Ќе ја добие ли Годел потребната поддршка?

0

Бизнисменот, Џери Џонс, може да биде најголемата пречка за комесарот на НФЛ лигата, Роџер Годел, да добие нов договор, велат денеска американските медиуми. Сопственикот на Далас е дел од групата од пет бизнисмени кои ги водат преговорите.

Нафтениот магнат има забелешка за казната на бекот, Езекиел Елиот, кој беше лишен од правото да учество во шест натпревари по обвинението за семејно насилство. Судот, сепак, го одложи извршувањето на казната сè додека се одвива процесот на жалба.

Во исто време, медиумите во САД ја потенцираат и одлуката на Годел за време на состанокот да го вметне на дневен ред и прашањето со игнорирање на националната химна од страна на играчите.

Share.

Leave A Reply