Значително му се намалија шансите на младиот руски возач, Артом Маркелов да влезе во Формула 1 откако неговиот татко беше уапсен во изминатата недела.
Маркелов кој се натпреваруваше во Формула 2 и имаше шанса со болидот на Рено да се појави на тренинзите на патеката во Сочи, откри пред медиумите дека луѓето од Вилијамс се заинтересирани за него и дека шансите за влегување во Формула 1 во сезоната 2019 му се 50 – 50.
Во исто време, властите го уапсија неговиот татко, Валери – поради измама и нудење поткуп кон лица од владата во вредност од 2 милијарди. Рубљи (26.3 милиони. Евра). Големиот бизнисмен раководи со конзорциум поврзан со рускитете железници. Се верува дека тој ќе го финансираа Вилијамс за да го ангажира неговиот син.