Ќе пропадне трансферот на Алеиш Видал во Севиља?

0

Дефанзивецот на Барселона, Алеиш Видал, најверојатно нема да успее да го комплетира трансферот во Севиља. Според весникот „Ел Мундо Депортиво“, најавениот трансфер на Видал во неговиот поранешен клуб е загрозен бидејќи клубовите не можат да се договорат за финансиските прашања.

Првично, Севиља беше подготвена да го позајми играчот со опција за откуп на неговиот договор на крајот на тековната сезона, но Барселона побара најмалку 12 милиони евра за него. Севиља нема намера да ја плати оваа сума и договорот е пред пропаѓање.

Share.

Leave A Reply