Германскиот состав, Баерн Минхен, може да испрати понуда за напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, кој е во немилост на тренерот, Зинедин Зидан и првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез.
Според весникот – „Сан“, тимот од Бундес-лигата е подготвен да ја покрие високата плата на Велшанецот од 350.000 фунти и да го ангажира како позајмен фудбалер.
Aнглиските медиуми воедно потсетуваат дека за брзоногиот играч беа заинтересирани и гигантите од типот на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но, тие се откажаа бидејќи не може да си дозволат да ја покријат неговата висока плата.