Ќе се продава легендарниот костим на Сена

0

Жолтиот костум на еден од најголемите возачи во Формула 1 – Аиртон Сена кој загина во 1994 година беше вклучен во аукцијата на финансиската компанија – „RM Sotheby’s“.

Бразилецот со него ја освои првата од рекордните шест победи на патеката во Монако а победи и на уште седум трки во 1987 година. Токму со него Ф1 тимот на Лотус ја оствари последната победа во историјата. Истата година Сена финишираше како трет во генералниот пласман зад Нелсон Пике и Најџел Менсон. Трикратниот шампион тогаш го подарил костумот на неговиот брат кој неколку години го чувал пред да го продаде во Канада.

„RM Sotheby’s“ го откупил костумот на Сена речиси по 24 години од неговата трагична смрт и сега ќе го понуди во аукцијата во мај.  Компанијата не ја наведе оригиналната цена на костимот, но, тоа не значи дека ќе биде евтин.

Share.

Leave A Reply