Кошаркарите на ЦСКА (М) се новите европски шампиони откако синоќа на Ф4 турнирот во Виторија, Шпанија, славеа во финалето над Анадолу Ефес со 91:83 и успеаја по две години пауза да с евратат на европскиот трон.
Фантастичниот Вил Клајбурн кој беше носител на играта на московјани и во полуфиналето и во финалето, ја доби наградата за најкорисен кошаркар на Ф4 турниот од Евролигата.
Еден од најдобрите во составот на московјани во финалето, но и во полуфиналниот меч со Реал (М), сосема заслужено го доби ова ласкаво признание.