Клајстерс гледа фaворити во сенка на собирот во Франција

0

Некогашната тенисерка од Белгија, Ким Клајстерс, која сега работи како стручен аналитичар за – „Евроспорт“ додека се реализира отвореното првенство на Франција на терените на Ролан Гарос, вели дека Бугаринот, Григор Димитров, може да го запре Шпанецот, Рафа Надал, на патот кон победничкиот пехар.

„Очигледно во машкиот дел главен фаворит е Рафаел Надал. Меѓутоа, постојат и помлади играчи како Зверев, Тим или Димитров, кои би можеле да му го одземат трофејот “, изјави Белгијката.

Некогашната најдобра тенисерка на ВТА листата има освоено вкупно 4 пехари од големите Грен Слем турнири. Според неа, многу понеизвеснo и изедначено ќе помине женскиот дел на терените во Франција.

Share.

Leave A Reply