Клеј Томпсон постигна 52 поени и рекордни 14 тројки!

0

Фантастична вечер на Клеј Томпсон во дресот на Голден Стејнт ги одбележа ноќешните средби во НБА лигата. Неверојатниот шутер на „Воините“ реализираше 52 поени на средбата против Чикаго во која неговиот тим на крајот однесе победа од 149:124.

Бекот нанижа 14 тројки и го подобри постигнувањето на својот колега од тимот Стеф Кари (13 во 2016 година), кој на овој меч заврши со 23 поени. Лос Анџелес Лејкерс и Леброн Џејмс загубија уште еден натпревар, овој пат на гости во Минесота со 124:120. На средбата меѓу лидерите на Истокот, Милвоки го победи Торонто со 124:109.

Индијана – Портланд 93:103

Филаделфија – Атланта 113:92

Мајами – Сакраменто 113:123

Њујорк – Бруклин 115:96

Чикаго – Голден Стејт 124:149

Милвоки – Торонто 124:109

Минесота – ЛА Лејкерс 124:120

Денвер – Њу Орлеанс 116:111

Сан Антонио – Далас 113:108 (прод.)

Share.

Leave A Reply