Главниот инженер во екипата на Ферари во Формула 1, Џо Клијар, застана во одбрана на Себастијан Фетел, кој во континуитет добиваше критики за неговото возење.
„ Годинава битката за титулата беше фантастична иако не е пријатно чувството кога ќе останеш без титула. Без разлика на нашиот пласман, мислам дека тимот ја имаше една од најдобрите сезони во последниве 10-ет години. Знаеме што ни попречи да ја исполниме целта и затоа ќе работиме напорно да ги надминеме проблемите“ – вели Клијар.
„Убеден сум дека Фетел ќе се врати уште помотивиран во наредната сезона. Многу луѓе ги коментираат неговите грешки, но, не знаат колку мораше да ризикува на патеката за да има шанса да победи. Многу е лесно да седиш пред телевизорот и потоа да даваш интервјуа без да ги знаеш деталите“ – заврши Британецот.