Кликовац: имав шанса да се вратам дома

0

Ракометарката на Вардар, Андреа Кликовац пред мечот со Будуќност во Лигата на шампионите вели дека токму црногорскиот состав бил заинтересиран да ја купи неа и Јованка Радичевиќ, но дека немал доволно финансии.

„Претседателот Бошковиќ не повика мене и Радичевиќ но, трансферот не може да се направи барем засега. Не можеше да се задоволат финансиските критериуми. Искрено, кој не би сакал да се врати дома? Тоа е секако наша голема желба“ – вели Кликовац која ги разгледува понудите од Романија и Унгарија.

Во меѓувреме десното крило, Радичевиќ, успеа да се договори со романскиот состав ЦСМ Букурешт и на крајот на сезоната ќе си замине од Македонија.

Share.

Leave A Reply