Јирген Клинсман се враќа во Бундеслигата, но не како тренер туку како консултант во Херта (Берлин), јавија медиумите во Германија.
55-годишниот поранешен германски репрезентативец последен пат работел во својата земја пред 10 години, кога беше тренер во екипата на Баерн Минхен.
Клинсман го водеше Бундестимот во 2004-2006 година и помина 5 години како селектор на САД во периодот од 2011 до 2016 година. Сега Клинсман се одлучи повторно да работи во Германија, но сепак тренерската работа ќе ја остави за некоја друга прилика.