Клишина ќе ја има улогата на неутрална натпреварувачка

0

Дарја Клишина која единствена од руските атлетичари настапи на европското првенство во сала реализирано во месец март во Белград, сега доби дозвола од Меѓународната асоцијација на атлетските федерации (ИААФ) да стартува и на меѓународните турнири како неутрална натпреварувачка.

На 12 јуни, двократната европска шампионка во скок во далечина во сала, ќе учествува на митингот во Инсбрук (Канада), објави „ТАСС“ . Првиот старт на Клишина во летото ќе биде на Дијамантската лига во Јуџин на 26 мај.

Русинката заврши четврта во Белград со прескокнати 6.84 метри додека на Олимписките игри во изминатат година во Рио де Жанеиро беше деветта.

Share.

Leave A Reply