Кливленд ќе го користи логото на „Гудиер“

0

Шампионот во НБА, Кливленд Кавалирс, во почетокот на наредната сезона ќе го носи на дресот логото на производителот на автомобилски гуми – „Гудиер“.

Челниците на тимот велат дека се определиле на таков чекор бидејќи седиштето на компанијата е во предградието на Кливленд, во кое е роден Леброн Џејмс. Договорот за соработка ќе биде за 3 години а за секоја од нив, Кавси ќе добиваат повеќе од 10 милиони долари. Како дел од договорот меѓу двете страни, Кавалирс и „Гудиер“ ќе донираат 1 милион долари во различни училишта во Акрон.

Одлуката за поставување на спонзорско Лого кај тимовите од НБА беше донесена изминатата година и ќе влезе во сила од почетокот на сезоната 2017/18. Досега, Филаделфија, Бостон, Сакраменто, Јута и Бруклин, најавија слични спонзорски договори.

Share.

Leave A Reply