Кливленд тотално разочара против Минесота

0

Кошаркарите на Минесота во текот на ноќта го прегазија вице-шампионот на НБА лигата екипата на Кливленд Кавалирс со 127:99.

Домаќините во еден период дојдоа и до огромна предност од 41 кош. Вигинси постигна 25 поени а Батлер покрај 21 поен, забележа ови 8 скока, 9 асистенции и 3 украдени топки. Кај Кливленд најефикасни беа Џеф Грин со 22 и Кајл Корвер со 19 поени додека разочарувачка партија имаше Леброн Џејмс кој остана на само 10 коша.Во второто дерби на вечерта, Голден Стејт славеше против Денвер со 124:114. Стеф Кари постигна 32 поена а Дрејмод Грин 23. Кај поразениот тим вреди да се истакне ефектот на Србинот, Никола Јокиќ, кој успеа да го запише првиот трил-дабл со 22 поена, 12 скока и 11 асистенции.

Еве ги резултатите на другите мечеви: Индијана-Милвоки 109:96, Бруклин-Торонто 113:114, Чикаго- Хјустон 107:116 , Њу Орлеанс-Детроит 112:109, Сакраменто-Сан Антонио 100:107 и ЛА Клиперс-Атланта 108:107.

Share.

Leave A Reply