Кливленд тргнува по Џорџ Хил

0

Раководството на Кливленд Кавалирс е заинтересирано за услугите на кошаркарот на Сакраменто, Џорџ Хил .

Според некои информации во САД, Кливленд планира да го искористи Хил заедно со уште еден кошаркар од тимот како сериозно засилување во пресрет на завршницата на сезоната, особено откако Кавси влегоа во кризен период.

Во текот на летото, Џорџ Хил се договори со Сакраменто за 3-годишен договор вреден 57 милиони долари. Оваа сезона, 31-годишниот кошаркар има просек од 10,5 поени по меч.

Share.

Leave A Reply