Клоп: Абрамович избрза со одлуката

0

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не се согласува со одлуката на Роман Абрамович, да го отпушти Френк Лампард. Според Германецот, поранешниот играч за врска на Ччелзи требаше да добие повеќе време.

„Искрено, тоа беше навистина тешка одлука. Мислам дека Челзи заврши неверојатна работа на трансфер пазарот во текот на летото и привлече добри играчи. Сепак, потребно е време“ – вели Клоп.

„Абрамович дава можности како што се пари и играчи … но, тој не е најтрпеливиот човек во светот. Сочувствувам со Френк затоа што тој е млад и многу, многу талентиран менаџер“ – изјави тренерот на „црвените“ .

Share.

Leave A Reply