Клоп: Алисон вреди двојно повеќе од тоа што го плативме за него

0

Голманот на Ливерпул, Алисон, успеа да го одбрани ударот на напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик во судиското надополнување со што му овозможи на неговиот тим да го продолжи престојот во Лигата на фудбалските шампиони.

Токму таа реакција на Бразилецот кој беше платен во текот на летото големи 70. милиони фунти, предизвика воодушевување кај тренерот на „црвените“, Јирген Клоп. Германецот истакна дека  би платил и двојно повеќе за таква класа.

„ Мо постигна фантастичен гол, тоа беше страшен гол. Неверојатно е што се се случи, на крајот дојде и одбраната на Алисон. Ме остави без зборови. Ако знаев дека е толку добар, ќе платев и двојно повеќе. Сега би го направил тоа“ – изјави Клоп.

Share.

Leave A Reply