Клоп бара дефанзивец

0

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, бара начин како да ја засили дефанзивата бидејќи поголем дел од неговите фудбалери се соочуваат со повреди.

Според весникот – „Сан“, искусниот стратег го насочил погледот кон играчот на Барнли, Џејмс Тарковски. „Црвените“ сакаат да го ангажираат дефанзивецот на позајмица до крајот на сезоната, но, раководството на Барнли бара големи 50 милиони фунти.

Познато е дека тројцата централни стопери во Ливерпул, Жоел Матип, Џо Гомез и Дејан Ловрен, се соочуваат со потешки повреди што му создава големи проблеми на искусниот тренер.

Share.

Leave A Reply