Клоп и Едвардс имаат одлична комуникација која му носи успех на клубот

0

Во пресрет на финалето на Лигата на шампионите во фудбал меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, островски медиуми излегоа со интересна статија околу односот на тренерот на „црвените“, Јирген Клоп и спортскиот директор, Мајкл Едвардс.

Според наведенот, тие максимално се респектираат и најчесто додека појадуваат или ручаат заедно, ги разгледуваат детално сите фудбалери. Додека Едвардс ги преферира активностите што му овозможуваат да се движи на трансфер-пазарот,  Клоп никогаш не се меша во трансферната политика.

Затоа Мајк Гордон вели дека блискоста меѓу спортскиот директор и Клоп е главното оружје за сегашниот успех на клубот.

Share.

Leave A Reply