Англискиот фудбалски состав Ливерпул најави дека е заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Никола Максимовиќ.
Бидејќи договорот на 29-годишниот Србин истекува во текот на летото пред нас, тој уште сега може да преговара со други клубови. Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп, откако остана без повредените стопери: Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип, ќе мора веднаш да побара нивна замена.
Максимовиќ кој има 13 натпревари во дресот на Наполи, во еден период играше на позајмица во Спартак Москва.