Фудбалерите на Ливерпул ќе имаат тешка задача во финишот на сезоната бидејќи ќе се борат грчевито за шампионскиот пехар во Премиер лигата а ќе играат и во полу-финалето во Лигата на шампионите против Барселона.
За нив секој меч во домашниот шампионат е со посебно значење бидејќи водат „мртва“ трка Манчестер Сити кој по елиминацијата од ЛШ сите сили ќе може да ги насочи само во домашниот дел. Ливерпул утре ќе гостува кај Кардиф а тренерот, Јирген Клоп, вели дека играчите треба да заборават на заморот и да одиграат максмално.
„Сега е најзначајниот дел од сезоната и не смееме да чувствуваме замор. Ќе се бориме за трофеите во две натпреварувања“ – изјави Клоп.