Клоп: „Натпреварот можеше да заврши и со резултат 9:7“

0

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше победата на неговиот тим со 4:2 во плеј-офот на Лигата на шампионите. Со овој успех, Ливерпул се квалификуваше за настап во групната фаза на ЛШ. Според 50-годишниот Германец, на „Енфилд“ се одигра навистина луд натпревар што можеше да биде уште поефикасен.

„Почетокот беше бурен. Кога си го добил првиот натпревар со 2:1, противникот очекува да играш дефанзивно, внимателно и на контранапад. Ние направивме токму спротивното и дејствувавме со висок пресинг. Почнавме фантастично. Имавме предност од 3:0 и нормално е да има малку опуштање. Не ми се допаѓа, но тоа е нормално. Тоа беше луд натпревар кој можеше да заврши 9:7. Дури и тогаш сепак ние сакавме да продолжиме понатаму”, призна германскиот тренер.

„Бевме целосно доминантни. Затоа се боревме во последните 14 месеци. Некој може да каже дека ова е само Лигата на Шампионите, но ние сонувавме да се вратиме во ова натпреварување, а играчите на моменти покажаа неверојатен фудбал. Против ривал како Хофенхајм е нормално да имаш некои проблеми, но сум задоволен од победата и од тоа што одиме во Лигата на шампионите”, додаде Клоп.

Share.

Leave A Reply