Клоп не може да поверува што се случи на мечот со Севилја

0

Фудбалерите на Ливерпул не успеаа да ја совладаат Севилја на вчерашното гостување во Шпанија во групната фаза во Лигата на шампионите иако по првото полувреме имаа голема предност од 3 спрема 0.

Домаќинот во вториот дел максимално ја искористи летагичноста и некоординираноста во одбраната на „црвените“ и успеа да дојде до нерешени 3 спрема 3. Токму таквиот простап на неговите играчи во вторите 45 минути, го изнервира тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„ Престанавме да играме фудбал во второто полувреме иако во првиот дел чувствувавме дека може да победиме. Нашата најголема грешка беше тоа што  бевме премногу пасивни и повлечени“ вели германскиот тренер со напомена дека сега пласманот во елиминацискиот дел ќе зависи само од играта на неговите фудбалери.

Share.

Leave A Reply