Клоп разочаран од ВАР, Солскјер од тоа што не го победија европскиот шампион

0

По вчерашното големо дерби во Премиер лигата меѓу екипите на Манчестер Ј. и Ливерпул, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде свој коментар за дуелот и конечните 1:1.

„Резултатот не е оној што го посакувавме, но треба да бидеме среќни и со нерешено, со оглед како се одвиваше мечот. Не ми се допадна начинот на кој игравме во првото полувреме. Ние му дозволивме на Манчестер Јунајтед да изврши притисок врз нас и да игра агресивно. Успеаа да го направат тоа што сакаат. Постигнаа гол кој ги покажа проблемите на ВАР системот. Кога судијата реши да го преиспита голот, бев сигурен дека ВАР ќе покаже прекршок. За мене тоа беше јасен фаул. Ова е проблем кој не смее да се повтори. Потоа постигнавме гол, кој беше поништен. Речиси сè беше против нас, но сè уште не сме загубиле“, вели Клоп по мечот.

На спротивната страна, Солскјер жали за можноста да слават на оваа средба.

„Разочарувачко е кога ќе примите гол на крајот.  Го баравме вториот гол, но примивме гол. Јас сум задоволен со ВАР. Мислам дека се беше оправдано. Ова е машка игра, а голот на Мане беше по игра со рака“, вели Норвежанецот.

Share.

Leave A Reply