Фудбалските интернационалци од Србија, Марко Грујиќ и Лазар Марковиќ, добиле дозвола од тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, да си побараат друга средина.
Според наведеното во информацијата, за Грујиќ кој има трансферна вредност од 22 милиони евра бил заинтересиран составот на Кардиф додека Марковиќ, влегувал во плановите на неколку екипи од Италија и Шпанија.
Не е тајна дека Клоп сака да го намали ростерот и дека покрај Грујиќ и Марковиќ, планира да продаде уште неколку фудбалери. Од претходно се споменуваа имињата на Мињоле, Ингс, Ориги.