Клоп: „Сакам да ме наследи Џерард“

0

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека легендата на клубот Стивен Џерард ќе го наследи некој ден на чело на тимот.

„Му реков дека ќе ми биде драго тој да застане на чело на Ливерпул, откако јас ќе ја напуштам екипата или ќе ме отпуштат. Ќе направам сé, за да му помогнам да влезе брзо во тренерската професија. Ливерпул има потреба од легенди како него”, изјави Клоп.

Во моментов Џерард е тренер на младинците на тимот до 18 години. 36-годишниот поранешен капитен на Ливерпул игра на „Енфилд” од 1998 до 2015 година и има над 500 средби во дресот на тимот, освојувајќи девет трофеи, меѓу кои и во Лигата на шампионите во 2005 година.

Share.

Leave A Reply