Клоп: Сити претрпе тежок удар

0

Тренерот на  Ливерпул, Јирген Клоп, се осврна на елиминацијата на Манчестер Сити во Лигата на фудбалските шампиони.

Четата на Пеп Гвардиола која им е главен конкурент на „црвените“ во битката за титулата во Премиер лигата беше елиминирана од Тотенхем во 1 /4 финалето и тоа во трилер завршница. Германскиот стратег беше прашан од новинарите дали тој момент може да влијае врз „граѓаните“ во трката за победничкиот пехар во Англија.

„Не знам, но, тоа беше неверојатен начин на елиминација. Навистина ми е жал. Сите мислеа дека тоа е гол и го прославија. Некои луѓе велат дека доколку не беше ВАР тоа ќе беше сигурен погодок, но, се уште се дискутира за тоа.“ – изјави Клоп.

Share.

Leave A Reply