Клоп со двонеделни подготовки за финалето во Лигата на шампионите

0

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе направи двонеделна „летна подготовка” за неговиот тим пред финалето во Лигата на шампионите против Тотенхем.

Пред тоа сепак фудбалерите на Ливерпул добија два дена одмор, откако победија против Вулверхемптон викендов и завршија како втори во Премиер лигата со рекорден број на освоени 97 поени за вицешампионското место.

„Треба да завршиме некои работи во подготовката за Лигата на Шампионите. Пред тоа сепак момците ќе добија два дена за одмор, а потоа ќе почнеме со кампот пред финалето. Се надевам дека ќе го одиграме добро, да го добиеме и така навивачите да го добијат она што го заслужуваат“ рече Клоп на прес-конференција во Ливерпул. Во Ливерпул се надеваат дека ќе дојдат до шестиот трофеј во нивната историја.

Share.

Leave A Reply