Клоп: Ван Дајк имаше фантастична сезона

0

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека напаѓачот на Барселона, Лео Меси, сосема заслужено ја доби наградата –„Златна топка“ на вчерашната гала-вечера во Париз. Според искусниот стратег,  Аргентинецот покажал најмногу иако и дефанзивецот на неговиот тим Вирџил, Ван Дајк, имал блескави партии.

„ Меси е веројатно најдобриот играч  што го имам видено. Сосема заслужено по шести пат ја освои наградата“ – вели Германецот.

„Не можам да се сетам кога еден дефанзивец имал толку импресивна сезона. Ја освоивме ЛШ  а во Премиер конкуренцијата имавме 97 бодови“ – нагласи Клоп алудирајќи дека и неговите играчи пред се Холанѓанецот, Ван Дајк, можеше да ја добие наградата.

Share.

Leave A Reply