Клоп задоволен од играта на својот тим на дербито со Челзи

0

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше со измешани чувства по нерешениот резултат со Челзи (1:1). Ливерпул не успеаја да ја намали предноста на лидерот на табелата во Премиер лигата.

Сепак менаџерот Јирген Клоп го пофали карактерот на фудбалерите и нивниот настап пред се во второто полувреме.

„Не мислам дека „радост” е вистинскиот збор кој ги опишува нашите емоции по натпреварот. Се гордеам со тимот. Момчињата покажаа одличен фудбал против многу силен ривал”, изјави Германецот.

„Резултатот е таков каков што е. Можевме и да победиме, бидејќи по паузата создадовме неколку шанси. Челзи сепак доби пенал и така можеше да победи. Генерално сум задоволен од играта и од атмосфертата на стадионот”, додаде Клоп.

Share.

Leave A Reply