Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека резултатот 0:0 против Баерн Минхен на „Енфилд” во првиот 1/8-финален дуел од Лигата на шампионите го „задоволува”, иако не е премногу среќен.
„Ние сами си го комплициравме животот при последното додавање. Имавме доста опасни шанси пред голот на противникот, можеме да играме подобро и должни сме да играме подобро. Имавме шанси во првиот дел, во вториот не можам да се сетам ниту на една шанса од двата тима, не е лесно да се игра во Лигата на шампионите. Ние добро се браневме, не сум на седмото небо од среќа, но овој резултат ми одговара. Имавме добри ситуации, но моравме да ги реализираме”, изјави тренерот на Ливерпул , Јирген Клоп по вчерашниот натпревар со Баерн.