Клубовите против проширување на СП 2022

0

Водечките клубови од Европа ќе им се спротивстават на плановите на ФИФА да се зголеми бројот на тимовите кои ќе учествуваат на Светското првенство во 2022 година.

„Не сме подготвени да правиме промени во календарот и нема да прифатиме проширување на светското првенство”, изјави Ларс-Кристер Олсон, извршен директор на организацијата на Европските лиги.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино инсистира на светското првенство да учествуваат 48 репрезентации, што значи 16 дополнителни натпреварот и уште четири дена повеќе за спроведување на шампионатот во Катар во 2022 година.

Share.

Leave A Reply