Клубовите се ослободени од котизација

0

Ракометната федерација на последниот состанок на Управниот одбор донесе неколку одлуки кои се однесуваат на  претстојната сезона.

Клубовите во Супер-лигата нема да плаќаат котизација додека задоложителното неделно тестирање за ковид-19  ќе биде на товар на федерацијата.Тестирањата за ковид-19 ќе се вршат во ЈЗУ „8 Септември“.

Формирана е  комисијата за надзор во која членуваат:  Славе Николов (координатор), Камер Металари, Левче Китевски и Гино Стрезовски.

Share.

Leave A Reply