Кобајаши го освои и Инсбрук

0

Јапонскиот ски-скокач Рају Кобајаши триумфираше и на скокалницата во Инсбрук запишувајќи ја третата победа на Новогодишната турнеја „4 Скокалници’.

Откако ја потврди својата доминација со скокот од 136,5 метри во првата серија, Кобајаши замо го потврди првото место со летот од 131 метар во втората серија. Втор заврши Австриецот Штефан Крафт со 254.2 поени (129.5 и 130.5 метри), а третото место му припадна на Норвежанецот Андреас Стјернен со 242.7 освоени бодови.

Следната дестинација е Бишофсхофен, по што и дефинитивно ќе биде познат распоред на најдобрите. За Кобајаши, се чини, прославата на првото место започна уште по денешниот триумф.

Share.

Leave A Reply