Кобијаши дојде до втора победа,беше најдобар и во Гармиш

0

Јапонскиот ски-скокач Рјој Кобајаши ја забележа втората победа во рамките на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ откако успеа да скокне најдалеку на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен.

Кобијаши дојде до триумфот со вкупно 266,6 бодови, благодарение на скоковите од 136,5 и 133 метри. Второто место му припадна на Маркус Ајзенбихлер кој имаше два бода помалку, додека третопласиран беше Давид Кубацки од Полска.

По вториот триумф на втората станица од новогодишната турнеја, Кобајаши во генералниот пласман кој на победнкот ќе му го донесе „златниот орел“ дојде до бројката од 548,9 бода, а зад него се Ајзенбихлер со 546,6 бода и Кубацки со 526 бода.

Сега натпреварувачите се селат во Австрија , најнапред ќе скокаат во Инсбруг на 4 јануари, додека на 6 јануари заврпуваат во Бишофсхофен.

Share.

Leave A Reply