Кочов: одигравме добра одбрана

0

Кошаркарите на МЗТ Скопје остануваат во победнички ритам во АБА 2 лигата откако доцна синоќа на домашен терен  славеа против екипата на Сутјеска со 88 спрема 87.

Тоа за „металците“ беше 12-та победа во  вкупно 16 натпревари во регионалната конкуренциј или осмата во „Јане Сандански“. Нашиот тим со новите бодови останува на второто место на табелата веднаш за екипата на Борац. Тренерот, Ѓорѓи Кочов, вели дека добрата одбрана била клучен фактор да се прокнижат нови бодови.

„Сакам да им честитам на кошаркарите. Одиграа тежок меч и мора да бидеме задоволни како функционираше одбраната. Јас сум задоволен. Сега ќе мора да се насочиме кон наредните предизвици“ –нагласи тренерот на  „штрковите“.

Share.

Leave A Reply