Кочов задоволен од новата победа во АБА 2 лигата

0

По третата последователна победа во новата сезона во АБА 2 лигата, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, не можеше да биде незадоволен. Неговите играчи одиграа одличен меч со Рогашка и со 20 поени разлика и ја впишаа третата последователна победа во регионалната конкуренција.

„Честитки до моите кошаркари. Испочитуваа се што беше договорено. Одбраната дефинитивно беше таа што го реши победникот на оваа средба. Ова беше заеднички триумф за сите, што секако ме радува. Ова е речиси нова екипа, која допрва се запознава и која допрва треба да стане тим. Одиме понатаму, од меч во меч, без да се вртиме назад“, порача стратегот на „штрковите“ по средбата во „Јане Сандански“.

 

Share.

Leave A Reply