Кој ќе биде домаќин на една од групите на ЕП, Сплит или Осијек ?

0

Хрватска од 12 до 28 јануари в година ќе биде домаќин на Европското првенство во ракомет. Првенството ќе игра во четири града.  Загреб, Вараждин и Пореч сe сигурни домаќини додека Сплит е под знак прашалник поради проблемите со салата.

Оттука лесно може да се случи групата во која се домаќинот, Шведска, Србија и Исланд, да биде преместена во Осијек. Хрватите до 22 Ноември треба да потврдат дека сите градови што ќе ги пријавата за домаќини ги исполнуваат условите пропишани од ЕХФ.

Според тоа што може да се дознае, за салата во Сплит се потребни околу 20.000 евра за да биде максимално реновирана и подготвена за натпревари.

Share.

Leave A Reply